Македонија утре на домашен терен ќе ја пречека Данска во натпревар од 3. коло во квалификациите за Европското првенство во 2022 година. Повратникот во националниот тим, Дејан Манасков, вели дека на секој меч треба да се даде максимум и без разлика на противникот да се размислува за позитивен резултат.
„На секој меч треба да се надеваме на победа. Никогаш не треба да се предадеме предвреме. Знаеме против кого играме и нема што многу да се зборува за Данска. На сите им е јасно кои се и што се. Мораме да одиграме максимално мотивирано, а ако ни се укаже минимална шанса да ја искористиме. Секако дека тие се фаворити и ќе биде многу тешко. Најважно во моментов е да ја поправиме сликата од Светското првенство“, вели Манасков.
Натпреварот меѓу Македонија е закажан за утре во 20 часот, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА