ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Ракометарот на Веспрем, Дејан Манасков истакна задоволство од почетната победа на стартот од ЕП 2020 но потенцираше дека во иднина Македонија не смее да си дозволи „коцкање“ со предноста…
„Секако најважна е победата, но мора да кажам дека не смееше да дозволиме ваква завршница. Имавме квалитетна игра и предност и потоа непотребно се коцкавме со сето тоа. На следните натпревари не треба да дојдеме во таква ситуација. Факт е дека во овој момент на почетокот на првенството најважни се освоените бодови за кои мора да му заблагодариме на капитенот“ – истакна по натпреварот Дејан Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА