Посакуван резултат, Македонија го освои третото место во групата и ќе игра против Норвешка во осминафиналето, но секако дека непосакувани се повреди на Дејан Манасков и на Филип Миркуловски. Тие во второто полувреме се здобија со повреди…Но, Деки е оптимист, иако допрва ќе оди на детални прегледи. Вели, ќе стегнеме заби…
„Нешто ’пукна’ кога трчав во контранапад. Имам болки, но навистина не знам колку е сериозно. Сега ќе одиме веднаш да направиме снимки, па ќе знаеме подетално за што се работи. Но, се надевам дека ќе можеме да играме и јас и Жути, да помогнеме во осминафиналето“, изјави Дејан Манасков за неговата повреда.
Потоа продолжи и за текот на овој возбудлив меч со Исланд.
„И претходно кажав, не сме ние Македонија ако не играме на ваков начин, со многу возбуда. Среќни сме што сепак ја остваривме целта и сега треба добро да се одмориме и да се подготвиме за Норвешка“, дополни Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА