Манасков отпатува за Ван – Лазаров со 17 ракометари на мегдан со Турција

Ракометната репрезентација на Македонија отпатува за Ван, Турција каде утре ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

За турскиот град отпатува и Дејан Манасков кој поради повреда мораше да го пропушти мечот од првото коло на домашен терен против аутсајдерот Луксембург. Во тимот е и Мартин Томовски кој беше изоставен на натпреварот во Скопје, каде неговото место го зазема Марко Кизиќ кој овојпат остана во Македонија.

Од комбинација отпаднаа и пивотот Марко Стојковиќ, левото крило Петар Атанасијевиќ и средниот бек Марко Митев. За Турција со Томовски и Манасков опатуваа и Михајло Младеновиќ и Костадин Петров, кои не настапија на дуелот со Луксембург.

Натпреварот против Турција е закажан за утре со почеток во 16 часот.

Се вчитува...