Македонските ракометари му се реваншираа на Тунис, направи пресврт, се вратија во натпреварот и на крај заслужено и се израдуваа на победата на стартот од СП во Франција. Дејан Манасков со седум погодоци беше еден од клучните играчи во победата која која многу значи за оваа репрезентација. „Оваа репрезентација има срце и душа и секогаш ќе има“ – со многу емоции рече Дејан Манасков по натпреварот.
Победата е најважна, таа носи бодови, но и голема самодоверба во редовите на нашата репрезентцаија.
„Победивме тоа е најважно за нас .Тоа беше нашата цел и успеавме да ја оставариме. Малку конфузно го одигравме првиот дел, со неколку промашени удари од наша страна и некои неискористени зицери, затоа беше резулатот на нивна страна. Во второто полувреме лошо влеговме, на почетокот Тунижаните успеаја да се одлепат со четири гола разлика, меѓутоа покажавме карактер, покажавме дека можеме и во едни таква ситуација успеавме да се вратиме, Кире во тие моменти брилјираше, едноставно кога не одеше никому тој погодуваше, на крајот добивме помош и од голманот, истрчавме неколку лесни контри на крајот успеавме заслужено да се радуваме“ – истакнува Дејан Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА