Веспрем продолжува со импресивни игри и убедливи победи во унгарскиот шампионат откако екипата на Дејан Манасков вечерва рутински триумфираше над Балатонфуреди со 38-11.
Извонредната одбрана на унгарскиот првак беше пресудна за ваквиот конечен исход, гостите во првото полувреме постигнаа само четири гола (17-4), а од бројните контранапади профитираа брзоногите ракометари на Веспрем. Манасков беше прв стрелец на натпреварот со седум гола, пет постигна Штрлек, додека Маргуч го заврши мечот со четири погодоци.
Следен предизвик за Манасков и соиграчите ќе биде дуелот од Лигата на Шампионите, на домашен терен против Целје, уште еден меч на кој Веспрем важи за апсолутен фаворит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА