Манасков разочаран: Не сакав вакво збогување од Веспрем

Дејан Манасков не го криеше разочарувањето по загубената титулата во унгарскиот шампионат, откако Веспрем во драматична завршница прими гол во последната секунда и го загуби трофејот од Пик Сегед.

Ова воедно беше и последен домашен меч на македонскиот репрезентативец, кој летово ќе ги промени клупските бои, па Манасков преку социјалните мрежи се збогуваше од фановите на Веспрем.

„Ова не беше начинот на кој сакав да го завршам мојот последен домашен меч за Веспрем. Сакам да ви се заблагодарам на вас навивачите за поддршката во овие пет години колку што бев во клубот. Никогаш нема да ве заборавам“, порача Манасков преку својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Manaskov (@dmanaskov)

Се вчитува...