Унгарскиот шампион Веспрем, стигна и до втората победа сезонава во СЕХА лигата, откако на домашен терен беше убедлив против Загреб со 36-28.
Хрватскиот шампион беше рамноправен противник само во првото полувреме кое Унгарците го добија со 17-15. Во вториот дел клучен беше поголемиот ростер на Унгарците, кои триумфираа со конечни 36-28.
Нашиот репрезентативец Дејан Манасков го одигра второто полувреме, во кое четири пати се запиша во листата на стрелците. По пет гола дадоа Штрлек и Благотиншек. Кај Загреб со пет гола мечот го заврши Хрстиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА