ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Дејан Манасков со шест погодоци беше прв стрелец на дуелот со Хрватска, но тоа беше слаба утеха во ситуација кога беше претрпен првиот пораз на шампионатот. Тој смета дека Македонија била предалеку од победата на оваа средба, а клучна на натпреварот биле прекратката ротација во нашите редови.
„Дали можеше подобро, дали можевме… друго е кога се гледа од страна. Можеби можевме да загубиме со помала разлика, но денеска од победа бевме далеку. Дадовме се од себе. Мислам дека нема дилеми за тоа. Кој излезе на терен даде 150 % од своите можности и тоа е, мораме да се помириме со реалноста. Тешко е, играме седум на шест, затоа што не можеме да играме шест на шест… Имаме многу измени, не можеме да формираме одбрана. Мора да бидеме реални и да се стрпиме, овие момци што доаѓаат да созреат и да имаме повеќе играчи. Со шест играчи не се игра на светско првенство“ – истакна Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА