Веспрем врза и трета победа по ред во натпреварите од Лигата на шампионите, совладувајќи го на домашен терен Монпелје со 25-19 во последниот натпревар пред зимската пауза во Лигата на шампионите.
Унгарскиот тим беше супериорен против актуелниот европски шампион од почеток до крај. На полувремето избраниците на Давид Дејвис имаа предност од 15-11, а во исто темпо го одиграа и вториот дел и без поголеми проблеми го совладаа Монпелје.
Дејан Манасков имаше забележителен удел во победата на Веспрем со четири гола од шест обиди. Два голa повеќе од македонско крило постигна Драган Гајиќ. Кај Монпелје, најефикасен беше Мелвин Рилардсон со девет гола.
Со оваа победа, Веспрем се изедначи со Рајн Некар и Кјелце со по 12 бода, трите екипи кои се од третата до петтата позиција на табелата во групата А, зад водечката Барселона која има 18 и Вардар со 13 бода. Монпелје останува на последната позиција во групата со само три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА