По серијата од три порази во Лигата на шампионите, Веспрем одново се врати во победнички ритам. Во последниот натпревар од овој дел на сезоната во ЛШ, унгарскиот шампион во чиј состав настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, на домашен терен го победи Кјелце со 31-26.
За Веспрем ова е шеста победа во натпреварите од групата Б во Лигата на шампионите во која завршува на третата позиција зад ПСЖ и Фленсбург. По изедначеното прво полувреме (15-15), избраниците на Љубомир Врањеш во вториот дел го засилија темпото и ја направија решавачката предност што на крај им донесе значајна победа.
Андреас Нилсон со осум погодоци беше прв стрелец во унгарскиот тим, Мате Лекаи и Момир Илиќ постигнаа по пет, а Дејан Манасков го заврши мечот со два погодоци. Кај Кјелце лидер во нападот беше Михал Јурецки со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА