ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Крилото на македонската репрезентација Дејан Манасков со жестоки зборови се нафрли на помладите колеги во националниот тим по крајот на Светското првенство 2019 кое го завршивме на 15. место.
Според Манасков, срамно е кога на еден меч капитенот Кире Лазаров со своите 40 години мора да се „тепа“ 60 минути а нема кој да го замени.
„Ова е срамно. Еден Кире Лазаров на свои 40 години да се ‘тепа’ против Чиле 60 минути затоа што нема кој соодветно да го замени. И јас сум бил млад, и јас сум почнувал, па сум носел некоја одговорност, и желба и мотив да дадам се од себе во националниот тим. А овие младите треба да се запрашаат зошто не можат да постигнат еден гол и против тим како Чиле. Треба добро да размислат за својот однос. Ова го велам затоа што навистина е срамота да го гледам Лазаров како се бори со 40 години, а некои се влечат по терен“ – вели Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА