Манасков: Треба да спречиме една важна работа против Висла

Пелистер мора да слави на домашен терен над Висла на премиерниот меч од ЛШ во 2026 година (четврток, 20.45 часот) за да си ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата од елитното европско натпреварување.

Дејан Манасков низ кариерата одиграл многу вакви мечеви, а одличниот крилен ракометар како важна потенцираше една работа – да се спречат гостите со бројни прекршоци да го „сецкаат“ ритамот на мечот.

„По подолга пауза се враќаме во Лигата на шампионите. Пред нас е еден многу тежок натпревар, во специфичен момент за екипата. Имаме нов тренер, но се трудиме да бидеме максимално подготвени за предизвикот. Висла игра многу агресивно во одбраната, нивните халфови излегуваат многу високо, затоа ќе мораме да имаме брз проток на топката и солиден напад во простор без топка. Ако дозволиме да прават многу фаули и прекини на играта, мислам дека ќе биде доста тешко за нас. Мораме да имаме одлична дефанзива и да знаеме што сакаме во нападот“, истакна Дејан Манасков.

Се вчитува...