Манасков „во аут“ за Луксембург

Селекторот Кире Лазаров се соочува со сериозен проблем на стартот од новиот квалификациски циклус за ЕП 2024, откако од комбинација за премиерниот меч отпадна Дејан Манасков. Левото крило на Вардар се повреди при настап за својот тим, лекарскиот тим се обидува да го оспособи што поскоро за настап, но дефинитивно нема доволно време зе да се рехабилитира за стартот од квалификациите.

Ако има позитивна работа, тоа е што во првото коло Македонија на домашен терен на 12 октомври ќе го пречека составот на Луксембург, аутсајдерот во групата кого би требале да го совладаме рутински и без помошта на Манасков.

Останува надежта дека левото крило ќе може да настапи во втората рунда, на 15 октомври гостуваме на селекцијата на Турција, меч на кој позитивен резултат широко би ги отворил вратите за пласман на претстојниот европски шампионат.

Се вчитува...