Манчестер добив тим во НБА Европа, но нема да е ниту Јунајтед, ниту Сити

Кошаркарскиот клуб од Манчестер сериозно размислува да влезе во амбициозниот проект НБА Европа и има намера да аплицира за статус на коосновач на новата лига.

Информациите што доаѓаат од Островот укажуваат дека токму овој клуб би можел да биде еден од претставниците на идната европска франшиза под покровителство на НБА.

Манчестер моментално се натпреварува во британската Супер лига, каде што бележи солидни резултати. По шест одиграни натпревари, ја зазема петтата позиција на табелата со скор 4-2, со напомена дека има и натпревар помалку од повеќето конкуренти.

Според весникот „Сити АМ“, сопственичката структура на клубот веќе започнала дискусии за конкретна понуда за франшизата НБА Европа во тој град. Во тие преговори се разгледува поддршката од приватен капитал, како и можноста за вклучување на државни инвестициски фондови.

Иако НБА споменуваше големи фудбалски брендови како Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед како потенцијални партнери во претходните најави, се чини дека локалниот кошаркарски клуб не сака да остане настрана и сериозно се наметнува како кандидат.

Пред две години, Манчестер Баскетбол премина во сопственост на американската инвестициска куќа „Шервуд Фемили Инвестмент Офис“, која има доволен финансиски капацитет да ја плати влезницата во новата лига. Во исто време, клубот е отворен за соработка со институционални инвеститори, што дополнително ја зајакнува неговата позиција во преговорите.

Се вчитува...