Хари Кејн ја потенцираше можноста дека може да го напушти Тотенхем во летниот преоден рок. Одличниот напаѓач е незадоволен од фактот дека „Спарс“ не освојува трофеи, па неговата желба е да замине во клуб кој често ќе биде на пиедасталот и ќе се радува на кревањето титули.
Кејн веќе решил да разговара со првиот човек на клубот, Даниел Леви, а пред него ќе ја изрази желбата да ги напушти редовите на Тотенхем.
“Ќе разговараме, тоа е сигурно. Се надевам дека по 16 години имаме добри односи и дека можеме искрено да разговараме за сè. Мојата желба е да играм во Лигата на шампионите и да бидем дел од големите натпревари”, рече Кејн.
Англиските медиуми тврдат дека Сити подготвил навистина спектакуларна понуда до Тотенхем за Кејн. Тие се подготвени да ги дадат Рахим Стерлинг и Габриел Хесус за да го добијат одличниот напаѓач. Стерлинг и Хесус не се истакнаа минатата сезона во дресот на Сити, па Пеп Гвардиола наводно има намера да се ослободи од нив.
Доколку овој трансфер навистина се случи, тоа ќе биде навистина голема размена, а Гвардиола ќе добие напаѓач од типот на Кејн, кој долго време го чекаше. Кејн за тимот од Лондон одигра 336 натпревари и постигна 221 погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА