Манчестер Јунајтед ги победи Реал Мадрид, Ливерпул и ПСЖ во битката за потписот на еден од најголемите таленти на францускиот фудбал, Лени Јоро, објавија неколку британски медиуми откако во последните месеци бројни европски гиганти покажаа интерес за овој суперталентиран дефанзвиец.
Осумнаесетгодишникот важи за еден од најдобрите и перспективни млади стопери, а за неговите услуги „црените ѓаволи“ ќе издвојат вкупно 62 милиони евра со тоа што 50 милиони евра веднаш ќе легнат на сметката на Лил, а преостнатите 12 милиони евра ќе бидат активирани низ разни бонуси.
Јоро во последните месеци инсистираше на трансфер во Реал Мадрид, но „кралевите“ не испратија ни приближна понуда на онаа од Манчестер. „Црвените ѓаволи“ на крајот успеаја да го убедат и самиот фудбалер на преселба во Премиер-лигата, па веќе се закажани и лекарските прегледи, по кои ќе следи и официјалниот потпис на петгодишниот договор меѓу Јоро и Манчестер Јунајтед.
Се очекува тој да биде стартер во првиот тим на Ерик тен Хаг крај уште Матијс де Лихт, кој во следните денови би требало да го комплетира трансферот од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА