Манчестер Јунајтед веќе неколку години е во голема криза. Ситуацијата сезонава не е добра каде што тимот од Олд Трафорд испадна од Лигата на шампионите уште во групната фаза, а не е добра ниту во Премиерлигата каде што клубот е далеку од врвот на табелата.
Навивачите како најголем виновник ги сметаат браќата Глејзер, сопствениците на клубот кои најверојатно ќе го продадат, и наскоро ко-сопственик би требало да стане Сер Џим Ретклиф, кој ќе ги преземе 25% од акциите на клубот.
Ретклиф нема план да го избрка Ерик Тен Хаг, туку ќе му даде одврзани раце да го состави тимот кој ќе треба да ја врати екипата на старите, шампионски денови. А, Холанѓанецот на клупата имал само една желба – Нико Вилијамс.
21-годишниот крилен напаѓач на Атлетик Билбао веќе го бараат големите клубови од Европа, а неговиот евентуален трансфер би можел да го сруши клупскиот рекорд на Јунајтед. До сега рекордот го држи Пол Погба кој изнесуваше 105 милиони евра, а сега Вилијамс би можел да го надмине. И тоа веќе во јануари, кога Јунајтед планира да тргне по фудбалерот, и да се обиде да ја спаси оваа сезона, и да излезе во ЛШ идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА