Манчестер Ј. со порака до Барселона: Или 30 милиони за Рашфорд, или ништо од бизнисот

Раководството на Манчестер Јунајтед нема намера да ја намали цената на Маркус Рашфорд , тврди весникот „Сан“ на своите страници денес. Во последните недели, во шпанските медиуми постојано се појавуваа информации дека Барселона , каде што напаѓачот е на позајмица оваа сезона, сака да ја намали цената на играчот. Сепак, од „Олд Трафорд“ ќе се обидат да останат цврсти во својата позиција и да не отстапуваат од веќе договорената сума.

Каталонците го привлекоа Англичанецот во летото со едногодишен договор, кој вклучува опционална откупна клаузула од 30 милиони евра. Сепак, оваа цена им изгледа висока на шефовите на шпанскиот гигант и тие ќе сакаат повторно да преговараат во текот на летото. Рашфорд импресионираше со своите настапи откако пристигна на „Камп Ноу“ и досега има постигнато 10 гола и 13 асистенции на 34 натпревари, но и покрај ова, Барса не е подготвена да го откупи по договорената цена.

Раководството на Каталонците има намера да искористи неколку работи што се на нивна страна. Првата е дека самиот играч ќе одбие да се пресели во друг тим и цврсто ќе изјави дека сака да игра само за Барса.

Каталонците исто така имаат намера да се потпрат на желбата на „црвените ѓаволи“ да се ослободат од огромната плата на играчот од 315 илјади фунти неделно.

Се вчитува...