Манчестер Јунајтед бара 25 милиони евра за Санчо, Наполи води во трката

Англискиот крилен фудбалер Џејдон Санчо, би можел да го засили тимот на Наполи. Италијанскиот клуб побарал од тимот од Олд Трафорд да ја одреди цената, а таа изнесува 25 милиони евра.

Според информациите, крилниот фудбалер нема ништо против да се пресели во Италија. Со оглед дека договорот на фудбалерот е до 2026 година, Манчестер и нема можност да ја качува цената.

Исто така интерес за Санчо има и од неговиот поранешен клуб, Борусија Дортмунд, меѓутоа според зборовите на челниците на „милионерите“, тој не е приоритет во овој преоден рок.

Се вчитува...