Манчестер Јунајтед без Маунт на следните два меча

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт нема да игра за тимот на следните два натпревари. Клубот од „Олд Трафорд“ соопшти дека играчот се повреди на натпреварот против Тотенхем, и ќе се врати на теренот дури по репрезентативната пауза.

Тој ќе го пропушти натпреварите против Нотингем Форест на 26. август и против Арсенал на 3. септември. Се очекува да се врати на натпреварот со Брајтон на 16. септември. Не е познато дали ќе се најде и на списокот на репрезентацијата на Англија во квалификацискиот циклус.

Маунт ова лето од Челси се пресели во Манчестер Јунајтед за 60 милиони евра. Играше на првите два меча во новата сезона против Вулверхемптон и против Тотенхем.

Се вчитува...