Манчестер Јунајтед без проблеми против Борнмут за четврта победа во низа

Манчестер Јунајтед влезе во серија од четири победи едно по друго откако на домашен терен славеше со 3-0 против Борнмут. „Црвените ѓаволи“ поведоа преку Касемиро во 23. минута, Шо ја затресе мрежата во 49. минута, а точка на мечот стави Рашфорд во 85. минута по фантастична акција со три додавања.

Со оваа победа тимот на Ерик тен Хаг се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 35 освоени бода колку што има и Њукасл кој сепак има и натпревар помалку.

Се вчитува...