Манчестер Јунајтед даде „зелено светло“ за заминување на Кристијано Роналдо

Манчестер Јунајтед даде „зелено светло“ за заминување на Кристијано Роналдо, пренесува англискиот медиум „talkSport“. И покрај тоа што „црвените ѓаволи“ настојуваа да го задржат португалскиот ас како клучен дел од тимот, лошиот почеток на сезоната проследен со лошата атмосфера во соблекувалната го промени ставот на раководството.

Преискусниот 37-годишник ова лето побара заминување од „Олд Трафорд“ со желба да настапи во Лигата на Шампионите, а со цел изнудување на трансфер се приклучи на подготовките на Манчестер Јунајтед во последната седмица.

Тој беше поврзуван со трансфер во Челси, Барселона, Спортинг, Рома, Интер, Милан, Атлетико Мадрид.., но доби „не“ од клубовите. Кристијано Роналдо има „зелено светло“ за заминување, но дали ќе ја промени средината со оглед на тоа што опциите за заминување од ден во ден се се помали останува да видиме.

Се вчитува...