Манчестер јунајтед доби „зелено светло“ од УЕФА дека ќе може да се натпреварува следната сезона во европските клупски натпреварувања.
Постоеше закана за забрана за учество на Јунајтед во европските натпреварувања поради наводниот судир на интереси на Џим Ретклиф, кој е мнозински сопственик на Ница како и косопственик на Манчестер јунајтед, доколку и двата негови тима се пласираат во исто натпреварување.
И двата тима се на добар пат да играат Лига Европа. Но, од УЕФА денеска пристигнал допис на „Олд Трафорд“ во кој се наведува дека нема да има никаков проблем и двата клуба да играат во исто европско натпреварување, под услов да се исполнат одредени критериуми.
Доколку се случи тоа, Јунајтед најдоцна до 3. јуни ќе мора да достави докази дека нема никакви заеднички административни функции со францускиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА