Манчестер Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон поминува низ тежок период. Резултатите се очајни, титулите се недостижни.
Во 2012. година Јунајтед потпиша договор со „Шевролет“, кој од 2014. година почна да му исплаќа огромни 410 милиони фунти на клубот како би ја добил позицијата на главен спонзор. Меѓутоа автомобилскиот гигант нема да ја продолжи соработката со клубот. Тие одлучија дека по истекот на договорот во 2021. година поради слабите резултати ќе се повлечат од спонзорството.
„Факт е дека Шевролет го преплати договорот. Тоа го знаеја уште од самиот старт и затоа таков договор веќе нема да направат“, изјави извор близок до компанијата за англиските медиуми.
Договорот со „Шевролет“ беше највреден во англискиот фудбал, а поради слабите резултати ќе биде тешко „црвените-ѓаволи“ да успеат да потпишат нов таков договор со друга компанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА