Манчестер Јунајтед е блиску да го собори клупскиот рекорд во порази во Премиер-лигата. Тимот од Олд Трафорд вчера во 30. коло загубија од Нотингем со 1-0. Со тоа „Црвените ѓаволи“ загубија 13 од 30 натпревари во овој шампионат.
Само во сезоната 2023/24 претрпе повеќе порази во англиското првенство – 14. Последен пат Манчестер загуби повеќе од 14 меча , или вкупно 16 во сезоната 1989-90.
Следното коло на 6. април, Манчестер Јунајтед на свој терен го дочекува градскиот ривал Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА