Манчестер јунајтед е најголемиот: „Ѓаволите“ први до 2.000 бода во Премиер – лигата

Манчестер јунајтед го совлада Ватфорд со 2-0 на „Олд трафорд“, а оваа победа донесе и ново големо остварување во историјата на Премиер – лигата. „Црвените ѓаволи“ стигнаа до 2.000 освоени бода во историјата на Премиер – лигата и се првиот клуб на кој тоа му успеало.

Премиер – лигата како натпреварување стартуваше во 1992 година, а Манчестер јунајтед со години беше во врвот, кога на кормилото беше сер Алекс Фергусон.

Во овој момент, по 25 одиграни кола во Премиер – лигата оваа сезона, тимот од „Олд трафорд“ има освоено 48 бода.

 

Се вчитува...