Манчестер Јунајтед е подготвен добро да потроши летово, за да се засили со квалитетен дефанзивец. Челниците на тимот од Олд Трафорд му „фрлија око“ на стоперот на Јувентус, Флисон Бремер. Бразилецот е на врвот на листата на желби на „црвените ѓаволи“ кои ќе направат сериозни промени во одбраната. Манчестер е подготвен да ја плати и откупната клаузула за стоперот, која изнесува 60 милиони евра, само да го донесе на „Олд Трафорд“.
Наскоро Јунајтед планира да почне преговори со Јувентус и за да ја намали откупната цена, е подготвен во Торино да го испрати Мејсон Гринвуд. Оваа опција може да биде добитна комбинација, со оглед дека Јувентус го посакува крилниот фудбалер, и покрај тоа што самиот играч кажа дека не сака да оди во Јувентус.
Ако не успее оваа комбинација, тогаш од Јунајтед се подготвени да платат 60 милиони евра. Тој лично бил желба на новиот сопственик на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА