Маркус Рашфорд е извонреден фудбалер, но исто така и фантастичен хуманитарец, „ѕвезда“ што ја искористи својата популарност за да помогне на сиромашните за подобар живот.
Асот на Манчестер Јунајтед се покажа во вистински светло и со последниот пример, откако му подаде рака за помош на поранешниот играч на Јунајтед, Вес Браун. Екс-дефанзивецот пред десетина дена објави банкрот, откако серијата лоши инвестиции придонесе да го загуби милионското богатство што го заработи како играч.
Меѓу првите кои му помогнаа беше токму Рашфорд, кој го контактирал Браун. Вес во меѓувреме ја загубил и куќата во која живеел, а Рашфорд му понудил една од куќите што се во негова сопственост. Станува збор за луксузен дом за кој Рашфорд барал висока кирија, но не и за Вес, кој во наредните месеци додека не застане на нозе ќе живее бесплатно. Потоа, кога ќе најде работа и стандардна заработувачка тој ќе може да остане во куќата за минимална кирија, или доколку не сака, ќе може да си замине без никаков надомест кон Маркус Рашфорд.
Дека Манчестер Јунајтед е повеќе од клуб доказ е и иницијативата што веќе отворено ја поддржаа повеќе сегашни и поранешни фудбалери на клубот, за помош на Вес Браун. Собрана е одредена сума на пари што наскоро ќе му биде доделена на фудбалерот кој се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, а се очекува Браун да добие и нов работен ангажман, се со цел што поскоро да застане на нозе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

