И дефинитивно на „Олд Трафорд“ идната сезона ќе брани нов голман. Давид де Геа е минато за „Црвените ѓаволи“, а Манчестер Јунајтед денеска го договори трансферот на Андре Онана. Според информациите, тимот и голманот ги договија сите услови за трансфер, останува само договорот меѓу двата клуба.
Манчестер Јунајтед стигна до сума од 50 милиони евра, додека Интер бара 60. Се очекува двете страни да најдат заедничко решение, и Онана да биде дел од англискиот тим.
Најновата понуда на Тен Хаг е 45+5 милиони евра, а се очекува Интер да се согласи за 50+5 милиони евра за својот голман. Италијанскиот тим веќе е во потрага на негова замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА