Англискиот гигант Манчестер Јунајтед ги претстави дресовите за новата сезона. Дресовите на „црвените ѓаволи“ во сезоната 2019/2020 ќе бидат инспирирани од тројната круна која е освоена пред точно 20 сезони, во 1999 година.
Јунајтед во најдобрата сезона во клупската историја ги освои титулите во Премиер-лигата, ФА купот и Лигата на шампионите во незаборавното финале на „Камп ноу“. Токму чудесниот пресврт во судиското надополнување против Баерн, беше најголема инспирација и затоа на ракавите ќе бидат отпечатени броевите 90+1 и 90+3.
На дресовите исто така ќе биде поставени и датумите на победите над Њукасл во финалето на ФА купот, како и против Тотенхем со која е обезбедена титулата во Премиер-лигата. Голманскиот дрес ќе биде како тој што го носеше Петар Шмајхел во историската сезона.
Introducing the new @ManUtd 2019/20 Home kit, exclusively available now: https://t.co/IFh0F9FfkM#DareToCreate pic.twitter.com/UaNKTTax5V
— adidas Football (@adidasfootball) May 16, 2019
Manchester United have launched their new home kit for the 2019/20 season, which pays homage to the Treble the club won during the 1998/99 campaign.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 16, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА