Манчестер Јунајтед ги продава Санчез и Лингард за да собере пари за Санчо

Џеси Лингард и Алесис Санчез ќе го напуштат Манчестер Јунајтед, како би можело да се соберат пари за доведување на Џејдон Санчо на „Олд Трафорд“. Алексис Санчез кој во моментов е на позајмица во Интер ќе се врати во Манчестер, но само за да потпише со Тотенхем, како би можел клубот од „Олд Трафорд“ да ослободи од огромните 505.000 фунти кои Чилеанецот неделно ги заработува.

Џеси Лингард се очекува да премине во Њукасл за сума од 35 милиони фунти, цена за која клубот од „Сент Џејмс Парк“ е подготвен да ја прифати за во своите редови да го доведе фудбалерот со големо искуство во Премиер-лигата. Доколку се остварат овие два трансфери, Јунајтед ќе тргне во офанзива по примарната цел летово, Џејдон Санчо кој имаше одлична сезона во Борусија Дортмунд.

Солскјер е подготвен на Бундеслигашот да му понуди 110 милиони фунти за услугите на одличниот Англичанец кој сезонава на 32 натпревари постигна 17 гола и 16 асистенции.

Се вчитува...