Манчестер Јунајтед им се врати на победите во Премиерлигата откако во последниот натпревар од 15. коло славеше на гостински терен кај „фенерџијата“ Вулверхемптон со 1-4.
Фернандеш донесе гостинска предност уште во 25. минута од средбата, но домаќините успеаја да заминат со нерешен резултат на полувремето благодарение на голот на Белегрејд во втората минута од судиското продолжение.
Сепак „црвените ѓаволи“ ја потврдија фаворитската улога во вторите 45. минута постигнувајќи три голови. Во 51. минута мрежата ја затресе Мбеумо, во 62. минута „комотна“ предност донесе Маунт за во 82. минута од пенал со својот втор гол Фернанеш да ја потврди победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

