Манчестер Јунајтед го доби „џек-потот“ во ждрепката за полуфинале

Манчестер Јунајтед во драматичен дуел славеше над Ливерпул во четвртфиналето од ФА Купот, а потоа „црвените ѓаволи“ ја имаа зад себе и среќата во ждрепката за полуфиналето каде за противник ќе го имаат Ковентри.

Тимот од Чемпионпшип-дивизијата со два гола во судиското продолжение го елиминираше Вулверхемптон, со што се избори за место во полуфиналето што на 20 април ќе го игра на „Вембли“ против Јунајтед, тимот што има 12 трофеи во ФА Купот, од кои последниот е освоен пред цели осум години.

Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Челси. „Граѓаните“ се уште се во игра за одбрана на тројната круна освоена лани, додека за Челси ова е единствена шанса за трофеј откако пред дваесетина дена загубија од Ливерпул во финалето од лига-купот.

Се вчитува...