Манчестер Јунајтед оваа сезона се избори за второто место на табелата во Премиерлигата, притоа играше и во финалето од Лига Европа, но на „црвените ѓаволи“ им фалат неколку играчи за формирање на стабилен состав кој ќе може да се бори во повеќе натпреварувања, нешто што често знае да го напоменат од таборот на Јунајтед.
Еден од нив е и Џејдон Санчо, младиот англичанец кој е долго посакувана трансфер цел на манчестерскиот тим. Играчот на Борусија Дортмунд беше желба на тимот и во текот на претходното лето, но преголемите финансиски барања од 120 милиони евра на германскиот клуб на крајот беше пресудно за да не ги промени клупските бои.
Сега ситуацијата е друга, Борусија Дортмунд мора да продава играчи доколку сака да се избори во финансиските потешкотии, а барањата за Англичанецот се околку 90 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед беше подготвен да ја плати и претходната година. Според пишувањата на медиумите на „Островот“ овој трансфер е пред реализација, а доколку се отвари тоа би значело враќање на Санчо во Манчестер, но во лутиот ривал на Сити, чиј дрес го носеше од 2015 до 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА