Манчестер јунајтед го договори и третото засилување за лето, откако низ досегашниот преоден рок се доведени Јоро од Лил и Џошуа Зиркзе од Болоња.
Сега е договорен трансферот и на Носаир Мазрауи од Баерн Минхен, кој наредниве денови треба да пристигне на лекарски прегледи и официјално да биде промовиран во новиот клуб. Доколку се биде во ред, треба да потпиша договор со Јунајтед до 2029 година, со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Мазрауи веќе играше под тренерската палка на Ерик тен Хаг во Ајакс, баш како што беше случај и со Андре Онана и со Лисандро Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА