Манчестер Јунајтед го договори првото засилување во летниот преоден рок. Тимот од „Олд трафорд“ потпиша со фудбалерот на Свонси, Даниел Џејмс. Без некои посебни најави раководството на „црвените ѓаволи“ одлучи на велшкиот тим да му исплати 15 милиони фунти, за 21 – годишното крило на Свонси.
Џејмс сезонава беше на радар на многу англиски клубови поради одличните игри кои ги прикажуваше во Чемпионшип. Иако постигна само четири гола, тој забележа девет асистенции, но ги воодушеви сите со раскошниот талент и стилот на игра.
BREAKING: Manchester United are close to agreeing a deal to sign Swansea City winger Daniel James for £15m
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 10, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА