21-годишниот репрезентативец од младиот национален англиски тим, Арон Ван Бисака стана петтиот најскап трансфер на Манчестер Јунајтед и се најде веднаш зад Пол Погба, Ромелку Лукаку, Анхел ди Марија и зад Фред.
Неговиот трансфер од Кристал Палас е вреден 50 милиони фунти, а тој ќе заработува по 80.000 фунти седмично.
Ван Бисака минатата сезона стана првотимец на Кристал Палас, а летово е второто засилување за тимот кој Оле Гунар Солскјер сака да го промении доведувајќи помлади играчи кои можат да се развиваат на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА