Манчестер Јунајтед го краде Антоан Гризман од Барселона, пренесуваат британските медиуми. Французинот минатата сезона се поврзуваше со трансфер во „каталонскиот клуб“, но сепак тој на крајо остана верен на Атлетико Мадрид. Година дена подоцна Французинот потврди дека заминува од „Ванда метрополитано“, а се до денеска најголем фаворит за неговиот потпис беше Барселона.
Сепак, англискиот гигант Манчестер Јунајтед влегува во трката за неговиот потпис, а како главна причина за негов трансфер во тимот од „Олд трафорд“ се споменува тоа што во Барселона не се сигурни дека тој ќе биде полн погодок за клубот, но и поради пријателството кое Гризман го има со ѕвездата на Јунајтед Пол Погба.
Откупната клаузула на Французинот е 108 милиони фунти, кои за тимот од „Олд трафорд“ не претставуваат проблем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА