Манчестер јунајтед го наградува Андер Херера со нов договор, според кој ќе заработува 120,000 фунти неделно. Шпанецот стана клучна фигура во составот на Мурињо од неговото доаѓање на „Олд Трафорд“, а изминатиот викенд го одигра најдобриот меч против Челси откако настапува за „ѓаволите“. Херера прво асистираше при првиот гол за Јунајтед, одлично го пронајде Рашфорд, а беше стрелец на вториот гол и ги постави конечните 2-0 над лидерот на табелата.
Херера одлично ја изврши задачата и во одбраната, не оставајќи простор на Еден Азар да направи нешто повеќе.
Шпанскиот интернационалец ја игра веќе третата сезона во црвениот дрес, откако во 2014 година за 29 милиони фунти се пресели од Атлетик Билбао. Неговиот договор истекува следната година, иако имаат можност да ја активираат клаузулата за продолжување на плус уште 12 месеци, Мурињо сака да се осигура дека Херера ќе биде играч на Манчестер јунајтед уште долго време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА