Манчестер Јунајтед го носи холандскиот ас што го исфрустрира Меси

Манчестер Јунајтед е на добар пат да го реши голгетерското прашање со ангажман на Воут Вегхорст, холандскиот репрезентативец кој настапува во Бешикташ.

Тен Хаг децидно бара нов голгетер по заминувањето на Кристијано Роналдо, но ограничениот буџет во јануари е проблемот поради кој пропадна доаѓањето на Гакпо од ПСВ Ајндховен, па најреална опција е позајмица до крајот на сезонава на проверен голгетер кој би му бил од помош на стратегот на Јунајтед.

Вегхорст лани мина кратко време во Премиер-лигата како член на Барнли, сезонава ја почна како член на Бешикташ, но турскиот гигант делува подготвено да го пушти на позајмица за соодветна отштета.

Холанѓанецот имаше одличен настап во четвртфиналето од СП во Катар, откако влезе од клупата и постигна два гола против Аргентина, вадејќи го од кожа Лео Меси од кого потоа беше навредува во подтрибинскиот простор.

Се вчитува...