Манчестер Јунајтед го победи Евертон и ја продолжи битката за ЛШ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед оствари важна победа над Евертон во днешниот меч од 2-0, и со тоа се во одлична позиција за местата кои носат во Лигата на шампионите следната сезона.

МекТоминеј во 36. минута го отвори противникот, а Марсијал во вториот дел влезе, и го постигна својот прв гол во 2023 година. Лесна победа на Јунајтед, а Пикфорд спречи и покатастрофален пораз за Евертон.

За разлика од Манчестер, на Евертон му претстои жестока битка за опстанокот. Има 27 бодови колку што имаат неколку тима како Борнмут, Вест Хем и Нотингем.

Се вчитува...