Манчестер Јунајтед го потврди Вегорст

Холандскиот напаѓач Воут Вегорст и официјално стана дел од Манчестер Јунајтед. Голгетерот доаѓа на „Олд Трафорд“ како позајмен од Барнли до крајот на сезоната.

„Сагата“ околу потписот траеше неколку недели, откако тој имаше договор за позајмица во Бешикташ. Турскиот клуб бараше пари за предвремен раскин на позајмицата, а и самиот фудбалер се вклучи во преговорите, најавувајќи дека е подготвен сам да си ја плати отштетата само да биде пуштен во Манчестер.

„Моја привилегија е да бидам дел од овој голем клуб. Играв против овој тим во минатото, и ова е фантастично чувство да го облечам дресот на Јунајтед. Гледам дека тимот има напредок со менаџерот Тен Хаг, и тоа беше една од причините затоа што се решив да дојдам тука. Со нетпрение чекам да настапувам за оваа екипа“, изјави Вегорст.

Се вчитува...