Манчестер Јунајтед го праќа Смолинг на позајмица во Рома

Англискиот фудбалер Крис Смолинг го изгуби местото првотимец во Манчестер Јунајтед, по доаѓањето на Хари Мегваер. Еден од тимовите кои се заинтересирани за неговите услуги е италијанската Рома, која сака во своите редови да донесе фудбалер кој има искуство.

Се очекува Смолинг во главниот град на Италија да замине на едногодишна позајмица, но без право на откуп. „Црвените-ѓаволи“ за позајмицата ќе заработат 3 милиони евра.

Смолинг во Манчестер Јунајтед пристигна во 2010 година од редовите на Фулам, а за тимот од „Олд трафорд“ запиша 206 натпревари, а беше дел и од освојување на титулите во Премиерлигата во сезоните 2010/11 и 2012/13.

Се вчитува...