Тајрел Маласија е нов играч на Манчестер Јунајтед, кој денеска потпиша договор со „Црвените ѓаволи“ до 2026 година. Холандскиот лев бек доаѓа од Феенорд, за кој одигра 136 натпревари
Маласија е првото засилување во ерата на Тен Хаг на клупата на Јунајтед. Иако многу имиња кружеа, сепак, на крајот Тен Хаг се реши за Маласија, кого го познава од холандскиот шампионат, со оглед дека Тен Хаг дојде од Ајакс.
„Неверојатно е чувството да се биде дел од Манчестер Јунајтед. Ова е нов предизвик за мене, ново првенство, нови соиграчи, одличен тренер. Добро го познавам Тен Хаг, играв против него во Холандија, тој е многу квалитетен стручњак. Јас сум млад и имам уште за докажување, и се надевам дека со Јунајтед ќе ги остварам целите“, рече Маласија.
Следен кој ќе треба да го засили Јунајтед е играчот од средниот ред, Френки Де Јонг од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

