Манчестер Јунајтед го зема човекот кој ги откри Халанд, Гвардиол, Собослаи, Шешко…

Манчестер Јунајтед во најскро вреќе ќе ангажира човек во скаут службата, кој откри многу фудбалери, кои сега играат со успех во клубовите низ Европа. Станува збор за Кристофер Вивел, кој треба да се приклучи на раководството на „Црвените ѓаволи“.

Вивел е малку познат за јавноста, но тој е човекот кој го откри талентот на Ерлинг Халанд, и го донесе во свое време во Салцбург. Исто така во овој тим го донесе, а потоа го продаде и Карим Адејеми, кој сега е дел од Борусија Дортмунд.

Вивел потоа се пресели во Лајпциг, а ги откри и Јошко Гвардиол, Мохамед Симакан, Давид Раум, како и Доминик Собослаи и Бенјамин Шешко во Салцбург, кои подоцна преминаа во Лајпциг.

Се вчитува...