Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед и холандскиот гигант Ајакс ќе играат во финалето на Лигата на Европа во Стокхолм, на 24.мај. Манчестер јунајтед се протна во дуелот со Селта и со реми (1-1) на „Олд трафорд“ се пласира во големото финале. Триумфот од првиот меч во Виго (0-1) беше одлучувачки за „црвените ѓаволи“ да одат понатаму.
Фелаини во 17.минута го доведе Манчестер јунајтед во водство, но Ронкалја ја врати надежта за Селта во 85.минута. На шпанскиот тим му беше потребен уште еден гол за да се пласира во финалето, а Гвидети пропушти одлична можност во последните моменти од судиското продолжение.
1-0 Marouane Fellaini Goal 11.05.2017 HD by dailyfootballkickFacundo Roncaglia Goal HD – Manchester United 1… by football365life2
Ајакс издржа во Франција и загуби со 3-1, но допатува со предност од 4-1 од првиот дуел на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам. Долберг прв го отвори резултатот во 29.минута и му донесе водство на Ајакс, но Лаказет со два гола во финишот од првото полувреме ја врати надежта за домашните. Гезал во 81.минута зголеми на 3-1, но францускиот тим остана покус за еден гол и не успеа да се пласира во финалето.
All Goals & highlights HD – Lyon 3-1 Ajax – 11… by lifefoot
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА