Манчестер Јунајтед и Баерн се договорија, нов играч доаѓа на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен си подадоа рака околу обесштетувањето на Нусар Мазрауи. Мароканецот за 25 милиони евра би требало да се пресели на „Олд Трафорд“.

Исто така Манчестер ги договори и личните услови на Мароканецот, се чека само Арон Ван Бисака да го напушти клубот, и да се пресели во Вест Хем, за да се комплетира и овој трансфер.

Баерн го продава Мазрауи по неуспешните настапи во таборот на „Баварците“, како и поради фактот што на таа позиција веќе го има Јосип Станишиќ, кој ќе треба да биде иднината на клубот од Минхен, а тука е и Саша Бој кој пристигна од Галатасарај зимоска за 35 милиони евра.

Се вчитува...