Манчестер Јунајтед и се приклучи на Барселона во трката за потписот на Дани Олмо, но англискиот и шпанскиот клуб мораат да реагираат брзо со оглед на тоа што доколку сакаат да го откупат неговиот договор по повластена цена мора да го направат тоа до самиот крај на Европското првенство.
Шпанецот во договорот со Лајпциг има откупна клаузула од 60 милиони евра која е активна до 15. јули по што неговата цена драстично ќе се зголеми.
Трансферот на Олмо со нетрпение го чека и Динамо Загреб. Шпанецот настапуваше за „модрите“ од 2014 до 2020 година по што се пресели во Лајпциг за 29 милиони евра, а на хрватскиот клуб му следат и 20 отсто од заработката на Германците за неговиот следен трансфер.
Така доколку Лајпциг го продаде Олмо по цена од 60 милиони евра на Динамо Загреб му следуваат 6.2 милиони евра со што вкупната заработка од неговата продажба би се зголемила на 35 милиони евра. Како потсетување, Олмо пристигна во хрватскиот клуб како слободен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА