Манчестер јунајтед без никакви проблеми обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на Европа откако и на реванш дуелот славеше на гостувањето против Бетис со 0-1, по онаа прва победа од 4-1 во Манчестер.
Стрелец на победничкиот гол за Манчестер јунајтед беше Рашфорд во 56. минута.
Меѓу осумте најдобри ќе игра и Јувентус кој со 0-2 славеше сега и на гостувањето против Фрајбург. Тимот од Торино поведе со голот на Влаховиќ од пенал во 45. минута.
Стрелец на вториот гол за Јувентус беше Киеза во петтата минута од судиското продолжение.
Неверојатен натпревар во Ротердам одигра Феенорд кој со 7-1 го победи Шахтјор на реваншот по оние 1-1 од првиот дуел. Холанѓаните, на тој начин, убедливо се пласираа во четвртфиналето.
А, четвртфинале ќе нема за Фенербахче кој триумфираше само со 1-0 против Севилја. Шпанците победија со 2-0 на првиот дуел на домашен терен што беше доволно за пласман во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА